Утрински Весник
Македонија

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, во Скопје, одржа средба со пратеникот и претседавач на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

dobivaj vesti na viber

Двајцата соговорници констатираа дека Германија е клучен политички партнер на Северна Македонија, кој и натаму ќе нè поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во нашата држава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија.

Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ

Политичко-безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност.

Можете да прочитате

Поради сообраќајка затворен патот Струмица – Ново Село

Прегазен полицаец во Скопје – 24info.mk

Паднал во шахта во хидроцентрала кај Виница – Работник се здоби со тешки телесни повреди