Во фоајето на Центарот за култура Битола, синоќа беше отворена 10-тата по ред изложба насловена „Со љубов од Битола“, годинава со тематика посветена на архитектонските симболи на градот.
На конкурсот годинава свои фотографии испратија 32 фотографи, со околу 90 фотографии. Во рамките на јубилејната изложба изложени се 54 фотографии, од кои 27 се во рамките на десеттото издание, а останатите се ретроспектива на наградените фотографии од претходните девет години.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, прогласувајќи ја изложбата за отворена, ја истакна нејзината важност за градот Битола.
„Стручното жири годинава го сочинуваа Роберт Јанкулоски, Весна Каревска –Пукич и Симона Калица, кои ја имаа задачата да селектираат околу 20 фотографии, од кои три фотографии ги наградија со прво, второ и трето место. Сите пристигнати фотографии ќе бидат дел од дигиталната изложба во рамките на изложбениот простор“, рече Диоген Хаџи Коста Милевски, во име на организаторот на изложбата – Центарот за европски развој и интеграција од Битола.
Изложбата ќе биде поставена до 26.09.2022.