Утрински Весник
Спорт

Икер Касилјас ги избра петте најдобри голмани на денешницата

Икер Касилјас ги избра петте најдобри голмани на денешницата

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација Икер Касилјас ги избра своите пет најдобри голмани на денешницата. Тој го смести Мануел Нојер од Баерн на петтото место. Четврти е Марк-Андре тер Штеген кој брани за Барселона, додека трет е Јан Облак од Атлетико Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Второто место на листата на Касилјас го држи голманот на Манчестер sити, Едерсон.

Легендарниот Шпанец за најдобар го смета Тибо Куртоа, актуелниот голман на Реал Мадрид.

Касилјас цели 16 сезони го чуваше голот на Реал, односно на вкупно 725 натпревари. Покрај тоа, Касилјас помина пет години во Порто и одигра 156 натпревари.

Можете да прочитате

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен