Утрински Весник
Спорт

Словенците останаа без еден од браќата Драгиќ

Словенците останаа без еден од браќата Драгиќ

Актуелниот европски првак Словенија ќе биде ослабен во завршницата на Европското првенство во кошарка. Помладиот од браќата Драгиќ, Зоран, посериозно се повреди во осминафиналето со Белгија и нема да може да им помогне на соиграчите до крајот на Евробаскет.

dobivaj vesti na viber

Зоран Драгиќ го повреди бутниот мускул, а лекарите проценуваат дека ќе мора да паузира околу два месеца.

„Не ми било судено да ѝ помогнам на репрезентацијата во клучните мечеви на европските првенства. Но, ќе ги бодрам од клупата, ќе бидам најгласниот навивач. Верувам дека момците ќе одиграат со срце и ќе радуваме на нов голем успех“, изјави Зоран Драгиќ.

Словенија во четвртфиналето ќе се сретне со Полска, а мечот е закажан за в среда од 20:30 часот.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА