Утрински Весник
Свет

Медведев се заканува: Ова е само загревање

Медведев се заканува: Ова е само загревање

Сојузникот на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати нова закана до режимот во Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

dobivaj vesti na viber

Медведев му порача на Зеленски дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат.

Сегашните „ултиматуми“ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев под услови на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Претходно Зеленски изјави дека во овој момент не е подготвен да преговара со Москва. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече:

„Тоа е мојот принцип, не разговарам со оние кои поставуваат ултиматуми“.

Тој тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Можете да прочитате

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва

Прва реакција на Кина по ултиматумот на Трамп за Русија

Фицо против нови санкции кон Русија