Утрински Весник
Македонија

Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

dobivaj vesti na viber

Имено, првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3.000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак, соопшти МВР.

Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Можете да прочитате

Кој е заштитениот периметар околу Собранието – Каде не смее да има собири и протести?

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Струмица – Валандово

Средба на раководствата на полициите од Скопје и Сараево