Утрински Весник
Спорт

Ќе се игра Премиер лигата и покрај смртта на Кралицата Елизабета Втора?

Ќе се игра Премиер лигата и покрај смртта на Кралицата Елизабета Втора?

По веста за смртта на кралицата Елизабета, неколку спортски организации и турнири ги откажаа своите настани за да оддадат почит. За денеска се откажани сите натпревари во Англија, но тоа многу веројатно нема да биде случај за сабота и недела, во текот на викендот.

dobivaj vesti na viber

Британската влада им соопштила на фудбалските лиги дека натпреварите може да продолжат овој викенд, но ја оставила одлуката во рацете на раководните тела. Конечната одлука ќе ја донесат челниците на лигите, но се верува дека и тие ќе се договорат за продолжување на натпреварувањето.

Ако се одложи колото, тоа ќе донесе нови големи проблеми со оглед дека распоредот е максимално згуснат поради Светското првенство во Катар.

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026