Утрински Весник
Спорт

Дејли Мејл: Фудбалерите од два милиони евра, Оршиќ и Петковиќ ја уништија скапата одбрана на Челси

Дејли Мејл: Фудбалерите од два милиони евра, Оршиќ и Петковиќ ја уништија скапата одбрана на Челси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Динамо синоќа го победи Челзи на „Максимир“ со 1:0 во неверојатен натпревар од 1. коло од групата Е, во Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Мислав Оршиќ во 13. минута. Забележителни улоги во победата на Динамо имаа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Кепа на двајцата им одбрани по еден удар од далечина. При одидот на Ристовски, сојузник на Кепа беше и гредата.

dobivaj vesti na viber

Сите англиски медиуми жестоко го критикуваат Челзи, неговиот тренер и играчите за, според нив, очајно одиграниот натпревар, а новинарот на „Дејли Мејл“, во воведот на текстот напиша дека Челзи не може да каже дека не бил предупреден бидејќи Мислав Оршиќ и претходно во кариерата бил кобен за англиските клубови.

„Оршиќ и неговиот партнер во нападот Бруно Петковиќ, кои заедно чинат околу два милиони евра, ѝ приредија исклучително тешка вечер на новата мултимилионска одбрана на Челзи. Особено тешко деби имаше Фофана, а не помина подобро ниту Кулибали, кој тешко се справуваше со Петковиќ“, стои во текстот на „Дејли Мејл“.

Весникот им даде високи оценки на играчите на Динамо, а за играч на натпреварот го прогласи Бруно Петковиќ, кој доби деветка. Истата оценка ја доби и тренерот Анте Чачиќ, а по 8,5 добија Мишиќ, Оршиќ и голманот Ливаковиќ.

Капитенот Адеми е оценет со осумка, а Ристовски доби оценка 7,5.

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025