Утрински Весник
Македонија

Почина 22-годишен градежен работник во тетовско

Почина 22-годишен градежен работник во тетовско

Загина градежен работник од тетовско Боговиње.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, 22-годишниот Е.И. вчера бил донесен починат во тетовската Клиничка болница.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите од кои починал додека извршувал градежни работи на училишен објект во тетовско Камењане.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и инспектори за безбедност и здравје при работа од Подрачна единица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Укината забрана за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Угинато куче со пена на устата најдено на улица во Кавадарци, телото на обдукција