Утрински Весник
Свет

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

На сите жители на Ченгду, главниот град на југозападната кинеска провинција Сечуан, им е наредено да не ги напуштаат своите домови од 18 часот денеска, освен задолжителното тестирање за Ковид-19, јавува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Според строгите епидемиолошки мерки на властите во градот со над 15 милиони жители, домаќинствата можат да испратат едно лице со негативен тест во текот на денот да купи намирници, а жителите со итни барања, како одење на лекар, се предмет на одобрување на комисијата на куќниот совет.

Сите бизниси се затворени освен супермаркетите, аптеките и болниците, пренесува медиумот.

Новите мерки го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената политика на нулта толеранција кон коронавирусот, која има за цел да ја потисне секоја појава во рана фаза.

Ченгду пријави 156 случаи на Ковид-19 во средата, со што вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 700 во изминатата недела, според Си-Ен-Ен.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците