Утрински Весник
Свет

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

Најмалку 16 лица загинаа во судир на камион и минибус што превезувал работници во југозападен Иран, јавува АП повикувајќи се на локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата повредени се осум патници кои веднаш се префрлени во локалната болница. Несреќата се случила во провинцијата Кузестан, меѓу градовите Шуштар и Дезфул.

Иран е една од земјите со најголем број загинати во сообраќајни несреќи, а околу 17.000 луѓе годишно гинат во несреќи.

Причините за тоа најчесто се непочитување на сообраќајните прописи, небезбедни возила и несоодветни служби за итни случаи.

 

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа