Утрински Весник
Македонија

Koстовски: Самохраните родители и корисниците на социјална помош нема да плаќаат партиципација во детските градинки

Koстовски: Самохраните родители и корисниците на социјална помош нема да плаќаат партиципација во детските градинки

Се ослободуваат од плаќање партиципација во градинките родителите корисници на социјална помош и самохраните родители, соопшти градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

Како што објави, предлогот е одобрен од страна на советот на општината, со цел финансиски да им се помогне на загрозените фамилии.

„Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат на најзагрозените фамилии. Ова е уште една мерка од низата социјални мерки со која се помага на родителите. Со низа проекти ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија“, информираше Костовски.

Можете да прочитате

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син