Утрински Весник
Свет

Пожар на ферибот во Шведска на кој има 300 луѓе

Пожар на ферибот во Шведска на кој има 300 луѓе

Спасувачка акција во Балтичкото Море откако избувнал пожар на ферибот пријавен недалеку од брегот на Шведска

dobivaj vesti na viber

Три хеликоптери и седум пловни објекти почнале да спасуваат луѓе на траектот што се запалил крај брегот на Шведска, јавуваат светските медиуми.

Фериботот, со најмалку 300 луѓе и десетици возила, се запали во близина на островот Гоцка Сандон во Балтичкото Море.

„Пожарот избувна на палубата каде што се чуваат возилата“ – изјавија официјални лица за „Франс прес“.

Надлежните наведуваат дека пожарот кој избувнал околу 13 часот е ставен под контрола.

Засега не се знае дали има повредени и што го предизвикало пожарот.

Можете да прочитате

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати

Лукашенко: Белорусија и Русија никој нема да ги клекне на колена

Италија ќе почне со воздушна испорака на помош за Газа