Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Се надевам што поскоро ќе продолжи нормално да функционира Бучим и Боров Дол

СДСМ: Со денови молк за изборите, Мицкоски зашеметен од изборниот пораз

На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа бидејќи ова е нивен ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Берово.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека се надева дека набргу ќе завршат техничките зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.

„ Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица“, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Во битолската Зоолошка градина почина нилскиот коњ Берта

Одрони и магла на дел од патните правци во државата