Утрински Весник
Македонија

Поплава во Тетово – улиците под вода, поплавени куќи, гаражи, подруми

Подруми, гаражи и куќи се поплавени како резултат на обилните врнежи што го зафатија вечерва Тетово, а излеана е и канализација од неколку шахти. Голем дел од улиците се поплавени.

dobivaj vesti na viber

Од Територијалната противпожарна единица Тетово во моментот е интервенирано на неколку места, информираат надлежните.

„Патот кон селото Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење. По првите инфорамции поплавени се улицете „Улица 141“ ,ул. „Фуштанска“, ул. „Илинденска“,„Улица 114“, ул. „Мирце Ацев“, „Улица121“… Кризниот штаб е активен. Раководителот на РЦУК Тетово ги известил членовите на Кризниот штаб за поплавите, по што вработени од Јавното комунално претпријатие Тетово и од Општина Тетово се на терен со два багери што ќе интервенираат каналот што поминува низ с.Мала Речица. Полицијата, конкретно припадниците на СВР Тетово се на терен со сите сили за да обезбедат побрзо регулирање и нормализирање на сообраќајот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

 

Поројска река во правец Тетово-Јажинце е со критично ниво и е во ризик за излевање на надојдената вода.

По информацијата за ризикот од страна на Општина Тетово е пратено багер, со цел, како што е соопштено, да не дојде ситуација да се блокира патот Тетово-Јажинце.

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

ЛДП: Михаилова ни докажа дека во владата го изгубиле огледалото – ќе има ребаланс, па да им купиме едно за да се погледнат самите себе!