Утрински Весник
Свет

Сингапур го укинува законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Сингапур ќе го укине законот кој забранува хомосексуални односи, со што хомосексуалноста би станала легална, пишува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ја објави премиерот Ли Хсиен Лунг на националната телевизија. ЛГБТ активистите во Сингапур го поздравија овој потег како „победа на човештвото“.

Сингапур е познат по своите конзервативни вредности, но во последниве години се поголем број луѓе повикаа на укинување на законот 377А од колонијалната ера. Така, Сингапур стана последната земја во Азија која почна да ги промовира ЛГБТ правата, по Индија, Тајван и Тајланд.

Претходниот став на владата на Сингапур беше дека законот 377А треба да се задржи, но со ветување дека нема да се спроведува во пракса, за да се смират спротивставените страни во јавноста. Меѓутоа, сега премиерот Ли најави дека ќе го укине законот. Тој рече дека верува „дека тоа е вистинската одлука, која мнозинството Сингапурци ќе ја прифатат“.

Тој исто така рече дека „денес подобро се прифаќаат геј луѓето“ и дека укинувањето на спорниот закон ќе донесе „олеснување за геј Сингапурците“.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро