Утрински Весник
Македонија

(Видео) Русковска: Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска туку за правото и правдата

Вилма Русковска за својата суспензија посочи дека смета дека тоа е суспензија на правдата. Таа по одлуката на републичкиот обвинител Љубомир Јовески посочи дека никој од нејзините колеги нема сериозно да се занимава со нејзините предмети.

dobivaj vesti na viber

„Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска туку за правото и правдата. Без разлика што имаше соопштение дека ќе продолжат предметите, не верувам дека било кој ќе се занимава сериозно со нив”, посочи Русковска.

Според неа, со жалбата ги демантира наводите на Јовески со кои ѝ изрече суспензија. За одлуката на Јовески по увидот од двајца обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, претресот во финансиска полиција да го прогласи за незаконски, таа вели дека тој е ненадлежен да го констатира тоа.

„Дали е законит претресот или не е, исклучиво одлучува судот. Ние како обвинители сме странки и не можеме да кажеме дали претресот е законит или не е законит. Кој било што сметал дека му е повредено некое право, имал право да вложи жалба до судот. Сметам дека кривична пријава е кривична пријава”, додаде Русковска.

За случаите поврзани со работата на станица за технички преглед поврзана со „Беса транс“, како и за предметот кој се однесува на финансиската полиција, кажа дека постапувала. Не откри дали пред претресот во финансиската полиција имала какви било докази.

„Во првиот случај за Станицата за технички преглед немаше наредба за претрес. Беше одземена документација само. За финансиската полиција, јас во вторникот сослушав сведок. За средата имав сослушување на двајца сведоци”, додаде Русковска.

Таа кажа дека треба да ги предаде предметите кои ги работела, а за предметот поврзан со работата на финансиската полиција посочи:„Не дојдовме до докази. Ние со претресот ги наброивме кои предмети треба да ни бидат доставени. Од 300 предмети доставени се 30 предмети”

Можете да прочитате

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија