Утрински Весник
Македонија

Повредени се четворица малолетници, удриле со возило во канделабра кај Комплекс клиники

На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ со ул.„Тодор Александров“ и ул.„Белградска“ патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ЛДП: Посетата на Кошта е сигнал дека е време за државнички пристап кон европската интеграција на Македонија

Голем интерес за новиот проект на Попоски и Џајковски – пет распродадени изведби во Загреб

Со изведување на нови докази продолжува судењето за Пулс