Играта на светлината одлично ја надополни музичката вечер наречена „Љубов и светлина“ на која настапија Марина Коруновска – мецосопран, Александра Ристевска – пијано и Марјан Бакревски – кларинет, синоќа во Офицерскиот дом, во рамките на Бит фест.
Спојувањето на тројца врвни музичари, преку искучително добро одбраниот репертоар, во кој сите тројца покажаа дека се извонредни во својата област, на сцента донесе музика од Хајдн, Брамс, Шуберт, Григ, Прокопиев, Дебиси, Мусоргски и Пијацола.
Марина Коруновска, Александра Ристевска и Марјан Бакревски се професори во Државното музичко училиште во Битола.