Утрински Весник
Свет

Патрушев: САД и Британија ќе бидат одговорни во случај на катастрофа во Запорожје

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев денеска изјави дека Вашингтон, Лондон и нивните „слуги“ ќе сносат целосна одговорност за евентуална катастрофа во нуклеарната централа Запорожје.

dobivaj vesti na viber

Во Ташкент, на годишниот состанок на секретарите на Советот за безбедност на членките на Шангајската организација за соработка, Патрушев рече дека украинските сили, со охрабрување на Американците, постојано ја напаѓаат виталната инфраструктура на нуклеарната централа Запорожје, пренесува РИА Новости.

Доколку се случи катастрофа предизвикана од човекот, нејзините последици ќе се почувствуваат во сите делови на светот. Во исто време, Вашингтон, Лондон и нивните послушници ќе сносат целосна одговорност за тоа“, посочи Патрушев.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна