Утрински Весник
Магазин

Нискобуџетна драма со денови е најгледана содржина на „Нетфликс“

Purple Hearts („Виолетови срца“), со Софија Карсон и Николас Галитзин во главните улоги, е најгледан филм на „Нетфликс“ речиси две недели.

dobivaj vesti na viber

Во изминатата недела „Виолетови срца“ собра повеќе од 102 милиони часови гледање, речиси тројно од вториот најпопуларен филм на стримерот, „Сивиот човек“.

Овој филм,  кој го собори „Сивиот човек“, најскапиот во историјата на „Нетфликс“, почна да се прикажува на скрининг-платформата на 29 јули.

Приказната ја следи Кеси, која се омажила за Марин Лук од интерес. На Кеси ѝ бил дијагностициран дијабетес, а лошата финансиска состојба ја навела да се омажи за маринец со цел да ги искористи државните придобивки.

„Среќна сум што проектите во кои бев вклучена ми овозможија да правам сè што сакам. Ова отиде чекор понатаму, јас сум исполнета”, изјави Карсон за магазинот „Пипл“.

Можете да прочитате

Како токсичните врски влијаат на нашето биолошко стареење?

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026