Утрински Весник
Македонија

Во повеќе угостителски објекти во Битола полицијата рано утринава затекнала малолетници

На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022“ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили.

dobivaj vesti na viber

Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности и при контрола во повеќе угостителски објекти биле затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што против угостителите ќе следува пријава по чл.204 од Кривичниот законик, а кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен и против лицето ќе следува поднесок по Законот за оружје.

За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна