Утрински Весник
Свет

Кина: Успешно ги завршивме воените вежби околу Тајван

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеската армија денеска соопшти дека по речиси една недела успешно завршила различни воени задачи околу Тајван, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.

dobivaj vesti na viber

Кинеската војска ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи со воена обука за постигнување борбена готовност, објави официјалниот профил на Веибо на Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија, пренесува Ројтерс.

Кина започна масовни воени вежби по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на која жестоко се спротивстави Пекинг.

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир