Утрински Весник
Свет

(Видео) Авион се срушил на автопат во Калифорнија и се запалил

Мал авион слетал на автопат во Калифорнија во вторникот, удрил во камион полн со луѓе и се запалил, а во несреќата нема повредени, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Авионот се срушил на автопатот во округот Риверсајд во близина на авенијата Линколн нешто по 12:30 часот, а несреќата била снимена на видео, пренесува „New York Post“.

Пилотот и еден патник во авионот успеале безбедно да излезат од авионот, а трите лица во камионот не се повредени.

Имено, пилотот рекол дека морал принудно да слета на автопатот откако му откажал моторот додека се движел кон аеродромот.

„Среќа што сообраќајот беше слаб и што пилотот безбедно слета. Избегната е голема трагедија“, изјавил капетанот Леви Милер од патролата на автопатот во Калифорнија.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам