Утрински Весник
Спорт

Седлоски: Шамрок ги казни сите наши грешки

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот првак Шкупи загуби од Шамрок Роверс и на реваншот во Скопје и е елиминиран од Лигата на Европа. Среќна опција е што како шампион оди ранг подолу и ќе игра во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Ирците покажаа дека се подобар тим, а тоа го признава и тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

„Сакам да им честитам на гостите за победата и пласманот во следната рунда. Шамрок заслужено победи, беше подобар од нас во 180 минути од двомечот. Правевме многу грешки, средниот ред не функционираше, одбраната на моменти не реагираше добро. Во Европа тоа се казнува. На полувремето направивме неколку измени, внесоа свежина, но после првиот гол на Шамрок комплетно паднавме. На вакви натпревари се виде дека сме сепак далеку од нив“, изјави Гоце Седлоски.

Шкупи сега го чека победникот од дуелот меѓу косовскиот Балкани и Клаксвик, претставникот на Фарски Острови, како ривал во плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место