Утрински Весник
Свет

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше. „Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

dobivaj vesti na viber

„Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран“, рече тој. „Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна. Њујорк тајмс објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје. Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети

Голем напад со дронови на Москва