Утрински Весник
Спорт

Пари од обложувачка мафија во Турција завршиле во Македонија

Турската полиција, како што објавија медиумите во земјата, разбила обложувачка мафија наречена „Тотобо“. За една година групата остварила приход од 1.000.000.000 лири (55.000.000 евра). Трансакциите групата ги вршела во три земји: Турција, Германија и Македонија.

dobivaj vesti na viber

По истрагата, која траела осум месеци, полицијата, покрај водачот на групата, уапсила уште 58 лица.

Полицијата ги следела сметките на криминалците. Парите, во суми од 10.000 до 15.000 евра, биле префрлани на сметки на нивни роднини. Потоа парите ги претворале во криптовалути, кои завршувале во Македонија.

Според истрагата, дел од парите одел и за финансирање терористичка организација. Според турските медиуми, акцијата сè уште не е завршена.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите