Утрински Весник
Спорт

Инцидентот со Џака е поврзан со албанската мафија?

Британската Национална агенција за криминал (НЦА) го истражува случајот со необичниот жолт картон на ѕвездата на Арсенал, Гранит Џака на минатогодишниот меч против Лидс во случај во кој е поврзан поранешен шведски фудбалер кој веќе е осуден за местење мечеви и албанската мафија, тврди „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) веќе покрена случај за сомнителните облози дека Џака ќе добие жолт картон во последните десет минути од мечот на „Еланд Роуд“, каде што Арсенал победи со 3:1, а швајцарскиот репрезентативец навистина доби жолт картон во 83. минута поради заддржување на време. Според „Дејли мејл“ за жолтиот картон на Џака биле поставени вкупно 52.000 фунти на обложувалниците пред мечот во декември 2021.

Сега, весникот иако објаснува дека нема обвиненија кон Џака, посочува дека под истрага е шведскиот фудбалер со албанско потекло, Албан Јусуфи, кој во 2017 година доби петгодишна суспензија од фудбалот, откако тој наводно заработил добри пари на овој облог. 41-годишниот Јусуфи беше осуден откако на голманот на АИК Стокхолм, Кирјакос Стаматопулос му дал 150.000 фунти за да игра лошо во дербито против ИФК Гетеборг, поради што Шведската фудбалска федерација го одложила мечот.

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата