Утрински Весник
Македонија

(Видео) Белимов: Дали новиот директор на ЗОО е законски поставен?

300x250 (7)

Дури три недели по скандалот со закланите животни во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска назначи нов директор. Но, според информациите објавени во дел од медиумите, постои отворен сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка, Драган Илиевски е назначен согласно законите, изјави Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен оглас. Второ, затоа што според написите во медиумите, Илиевски не доаѓал од редовите на вработените. На овој начин се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура.

300x250 (7)

Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените. Данела Арсовска и градската администрација мора да одговорат, дали Илиевски е назначен согласно законите и Статутот на Градината?

Истовремено, од она што е јавно приложено како биографија на Илиевски се гледа дека тој нема никаква поврзаност, ниту пак искуство со слична дејност, па оттаму, прашуваме по кои критериуми е избран токму тој за директор?“ праша Белимов.

Јавноста мора да добие одговори на овие прашања, имајќи предвид дека Зоолошката градина покрај рекреативна има и едукативна улога особено за нашите најмлади, вели Белимов.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk