Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец, баран со пет потерници, кај него биле пронајдени кокаин и фалсификувана исправа

Вчера во 14.40 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Центар од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Д.Т.(35) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При извршена контрола од полициски службеници било утврдено дека тој се бара по пет распишани потерници за издржување на казна затвор, а при преглед на патничкото возило кое го управувал биле пронајдени две пакувања кокаин.

При проверката лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Р.Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење.

Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Северна Македонија остварил илегален влез во 2020 година.

По документирање на случајот од страна на СВР Скопје против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.

Можете да прочитате

Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија

Сиљановска-Давкова го почна претседателскиот мандат, реакции за „Македонија“ по инаугурацијата

Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада