Утрински Весник
Култура

„Фантомско стапало“ на Миневски објавен на руски јазик во Москва

Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.

dobivaj vesti na viber

Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски.

Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната.

Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков.

Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје, изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека „Фантомско стапало“ е шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“