Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Бизарна Фoрмула 1 – Пјастри демантира дека ќе вози за Алпин следната сезона!

Img 7972

Младиот австралиски возач, Оскар Пјастри ја демантираше објавата на тимот на Алпин Ф1 дека во 2023 година ќе биде нивни возач покрај Естебан Окон како замена за Фернандо Алонсо, кој ќе премине во Астон Мартин.

dobivaj vesti na viber

Францускиот тим (во сопственост на Рено), денеска потврди дека 21-годишниот Пјастри ќе го замени Алонсо во 2023 година, но без негова изјав во објавата, а медиумите тврдеа дека менаџерот на Пјастри, ексвозачот Марк Вебер се договорил со Мекларен за Пјастри да го замени Даниел Рикардо во британскиот тим.

Пјастри, кој е возач на академијата на Алпин, преку социјалните мрежи објави дека нема да биде дел од тимот во 2023.

„Разбрав дека без моја согласност, Алпин Ф1 објавија попладнево дека ќе возам за нив следната сезона. Ова е погрешно и немам потпишано договор со Алпин за 2023. Нема да возам за Алпин следната година“, напиша Пјастри.

Ова е огромна срамота за францускиот тим, кој претходно призна дека дознале за преселбата на Алонсо во Астон Мартин во понеделникот наутро, кога беше објавено во медиумите.

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026