Утрински Весник
Македонија

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен: „Власта не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува“

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен пред обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, обвинувајќи дека власта не го пуштила народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ си заминува затоа што не планираат да бидат дел од митинг на СДСМ, со оглед на тоа што, како што истакна, манифестацијата е партиска.

„СДСМ, за жал, не успеа да се надмине себе. Донесоа тука исклучиво партиски активисти кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација. На одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука. Не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба“, изјави Николоски.

Прашан дали им било кажано на граѓаните од кои причини не им е дозволено да присуствуваат на настанот, Николоски рече дека образложението било оти ги немало на протоколарната листа.

„Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме“, рече Николоски.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово