Утрински Весник
Македонија

Само нелегитимен премиер може да го смета гласот на народот за нерелевантен, рече Мицкоски

Само нелегитимен премиер може да го смета гласот на народот за нерелевантен, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако Ковачевски претходно денес, барањето за референдум го оцени како нерелевантно.

dobivaj vesti na viber

„Само нелигитимен премиер кој што е поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А, колку е тој релевантен ќе види на 20-ти август овдека во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија“, истакна Мицкоски од Тетово денеска при презентирање на советничката листа на општина Тетово за претстојните избори на 20-ти август.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека власта бега од соочување со граѓаните на референдум.

Информираше дека консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави се во тек, па веќе на следната седница на Извршниот комитет ќе разговараат за референдумот, а јавноста наскоро ќе ги знае чекорите на партијата кон референдумското изјаснување.

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид