Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во пензионер кој возел велосипед, со тешки повреди е пренесен во болница

Автомобил удри во 71-годишен велосипедист во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.

„Вчера во 8.55 часот во Гостивар, на улицата Живко Брајкоски во близина на угостителски објект, патничко возило „поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.А.(33) од Гостивар удрило во велосипедист Д.Ц.(71) од Гостивар. По несреќата велосипедистот Д.Ц. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија