Утрински Весник
Свет

Британски советник за безбедност: Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна

Dik 300x250 mk

Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека светските суперсили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе Би-Би-Си. Лавгроув додава дека сме во „нова ера на ширење“ каде опасното оружје е лесно достапно.

Лавгроув зборуваше во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, фокусирајќи се на последиците од рускиот напад врз Украина и како што тој го нарече „лидерски натпревар во ерата по Студената војна“.

Според него, во текот на децениите на Студената војна, западните сили имаа корист од преговорите кои придонесоа за „разбирање на советските доктрини и способности, а истото важи и во спротивна насока“.

„ Тоа им даде на двете страни повисоко ниво на самодоверба, за да не се пресметаме погрешно и да влеземе во нуклеарна војна. Меѓутоа, денес ги немаме истите основи со оние кои можат да ни бидат закана во иднина, конкретно, мислам на Кина“, рече Лавгроув.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим