Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ си постави цел: 30 гола и титула во Серија А

Душан Влаховиќ го пропушти пријателскиот меч со Барселона, чувствува болки во грбот, но вели дека тоа не е голем проблем и дека наскоро ќе биде подготвен.

dobivaj vesti na viber

Тој си постави цел за следната сезона во Серија А.

„Ќе постигнам 30 гола, но досега најдобрите стрелци во првенството ретко биле од шампионските тимови. Ќе го сменам тоа, 30 гола и титула, тоа е оптимално“, изјави Влаховиќ.

Тој истакна дека не е потполно задоволен од својот ефект во првите шест месеци во Торино.

„Очигледно е потребно време да се адаптирам, но морав подобро. Го загубивме финалето на Купот, на крајот се пласиравме во Лигата на шампионите, но тоа не е доволно. И токму тоа не потсетува да работиме напорно ова лето, имаме шанса да се подобриме многу на тренинзите“, истакна српскиот интернационалец.

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор