Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер од Тетовско, кај него пронајдени кокаин и марихуана

Денескa во 02.30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода Х.Е.(37) од сeлото М.Речица.

dobivaj vesti na viber

Имено, на крстосницата помеѓу ул.„108“ и ул.„168“ во Тетово, при преглед кај него, пронајдени му се марихуана и 25 пакувања со кокаин.

Х.Е. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик, информираше МВР.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!