Една од многуте мачки на Индраини Вахјудин Нур од Индонезија стана вирална затоа што има неверојатна сличност со Зоро, популарниот маскиран одмаздник.
Нур (50) чува многу вакви миленичиња во својот дом, но мачорот Бој кој поради својот необичен изглед го доби прекарот Зоро, му го украде срцето.
Многумина ги израдува информацијата дека Зоро станал татко на маче кое личи токму на него, поради што го нарекле Бандит.
Персијанецот има изразена црна шара околу двете очи што изгледа исто како култната маска на херојот, создаден од американскиот писател Џонстон Мекали во 1919 година.
„Тој не се разликува многу од обичната мачка, како што вели Нур, „секогаш сака да биде гален и гушкан. Сака многу да игра, но мрази да се капе секоја недела“.
Откако го покажа Бој на социјалните мрежи, видеата брзо добија илјадници прегледи со коментари за сличноста со маскираниот одмаздник кој го глумеше Антонио Бандерас на филмското платно.
Зоро и неговото младенче брзо станаа хит на Интернет, а на „Тик-ток“ имаат повеќе од 700.000 следачи.
„Каков татко, таков син“, се пошегува еден од корисниците на социјалната мрежа.
„Преслатки се“, напиша друг во коментар.