Утрински Весник
Спорт

Мингеза ја напушта Барселона, ќе остане во Ла Лига

Оскар Мингеза ја напушта Барселона, но ќе остане во Примера. Играчот од одбраната не е во плановите на тренерот на Барселона, Чави. Тој пред три недели му предложи на фудбалерот да си бара нов клуб.

dobivaj vesti na viber

Мингеза, кој има уште една година од договорот со Барселона, доби неколку понуди од клубови од Ла Лига како Селта, Валјадолид, Џирона и Хетафе, интерес покажал и турскиот великан Галатасарај. Сепак, Мингеза нема намера да ја напушти Шпанија и веројатно ќе прифати понуда од некој од споменатите клубови.

Дефанзивецот, кој има 23 години, пред сѐ, сака да најде средина во која ќе има голема минутажа, а платата не му е приоритетно прашање.

Покрај турскиот гигант, АЕК од Атина и германски Хофенхајм се уште некои екипи што летово неуспешно се обидоа да го доведат.

Можете да прочитате

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Нереди во Аргентина по финалето на СП, десетици уапсени

Шпанија е светски шампион – Аргентина падна во големото финале