Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар

Dik 300x250 mk

Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта. Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат. СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата.

Апелираме до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи