Утрински Весник
Спорт

Еден Азар е убедливо најплатениот фудбалер во Шпанија

Белгискиот интернационалец Еден Азар е најплатениот фудбалер во Шпанија. Напаѓачот на Реал Мадрид неделно заработува 600.000 евра, односно 31.250.000 евра на годишно ниво.

dobivaj vesti na viber

Вториот на листата најплатени е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, кој заработува 480.000 евра неделно или 25.000.000 годишно. За трите години од постоечкиот договор ќе инкасира вкупно 75.000.000 евра.

Трет најплатен играч во лигата е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Французинот добива нешто повеќе од 460.000 евра неделно и вкупно заработува 24.000.000 годишно.

Следат Давид Алаба со неделна плата од над 432.000, Серхио Бускетс со над 421.000, додека Антоан Гризман добива нешто повеќе од 400.000 евра.

Винисиус Жуниор и Жорди Алба имаат иста плата, Лука Модриќ има нешто повеќе од 378.000 неделно, а новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски 360.000 евра.

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка