Утрински Весник
Свет

Северна Кореја ги обвиниле САД за производство на биолошко оружје во Украина

Северна Кореја ги обвини САД за производство на биолошко оружје во Украина, повторувајќи ги истите руски обвинувања кои ОН ги отфрлија во март, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Вашингтон „формираше бројни биолошки лаборатории во десетици земји и региони, вклучително и Украина, што ги прекрши меѓународните договори“, напиша официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA, повикувајќи се на елементи „откриени“ од Русија.

Пјонгјанг, сојузникот на Москва, исто така го обвини Вашингтон дека е „глава на биолошкиот тероризам што го втурнува човештвото во уништување“ и дека води бактериолошка војна за време на Корејската војна во 1950-тите, според медиумот.

Тврдењата за Корејската војна беа искажани неколку пати претходно од Пјонгјанг, Пекинг и Москва, а Вашингтон ги отфрли овие наводи.

Истиот анализира дека во февруари Пјонгјанг изјави дека американската политика е длабоката причина за украинската криза.

Северна Кореја официјално призна две самопрогласени проруски сепаратистички области во источна Украина.

Можете да прочитате

Украинската армија погоди руски танкер во Црно Море

Кенеди Помладиот со остри критики за преработената храна: „Владата ве лажеше 50 години, храната е клучот за спасот на американското здравје“

Блумберг го објави нацрт-договорот меѓу САД и Иран: Предвиден крај на војната, отворање на Ормускиот Теснец и фонд од 300 милијарди долари за Иран