Утрински Весник
Македонија

Почина 19-годишник од Теарце, со мотоцикл удрил во трактор

На 14.07.2022 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во с.Слатино, Тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од Л.Ш.(19) од с.Теарце, Тетовско и трактор со приколка без регистарски таблици, управуван од А.С.(60) од с.Слатино, Тетовско.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец