Утрински Весник
Економија

Постигнат е договор во преговорите за извоз на украински житарки

Разговорите меѓу Русија, Украина, Турција и претставници на ОН за продолжување на украинскиот извоз на жито резултираа со договор за формирање на координативен центар за да се гарантира безбедноста на рутите, изјави вчера турскиот министер за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар рече дека договорот ќе биде потпишан следната недела кога сите страни повторно ќе се сретнат, додавајќи дека страните се договориле за заеднички контроли за проверка на житото во пристаништата, пренесе Ројтерс.

За потсетување, руската, украинската и турската воена делегација вчера се состанаа со претставници на ОН во Истанбул за да разговараат за продолжување на извозот на украинското жито од главното црноморско пристаниште Одеса додека се влошува глобалната криза со храна.

Можете да прочитате

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување