Утрински Весник
Македонија

Заедно со мајка му гостиварец ја тепал сопругата

Мајка и син обвинети за телесна повреда при семејно насилство во Гостивар

dobivaj vesti na viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата.

За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале.

Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди.

Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција.​​

 

Можете да прочитате

Измамник од Кавадарци фатен на дели, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени

СДСМ  бара проверка на водата во Велес и во цела Македонија

Грузија победник на осмото издание на Folk Fest Skopje 2026