Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа во Аеродром, се судри полициско возило со „сеат алтеа“

Полицајци направија сообраќајка на крстосницата близу крстот во Аеродром. Тие со службено возило се судрија во возило марка „сеат алтеа“.

dobivaj vesti na viber

Засега е познато дека е причинета поголема материјална штета, но нема информации за повредени лица.

Крстосницата е делумно затворена за сообраќај. Увид прават екипи на МВР. Парчиња од автомобилите има и на булеварот.

Причините како дошло до сообраќајката, засега не се познати.

Можете да прочитате

Информација, интерпретација и право на сопствен став

МВР уапси седум возачи за 24 часа

Жерновски: Три силни потврди од ЕУ, Кошта и Вајц, разобличена е секоја лага на Мицкоски-реформи нема