Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со температура до 29 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала со умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта