Утрински Весник
Спорт

Баерн негира, но Роналдо сака токму во Минхен

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо речиси сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ по само една година. Англиските медиуми тврдат дека позицијата на Манчестер јунајтед не е променета и дека Роналдо не е на продажба, но Португалецот сака да си замине и да игра во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Желбата на големиот ас е да се пресели во Баерн Минхен и го задолжил агентот Жорге Мендеш да пронајде начин за да го пресели на „Алијанц арена“.

Директорот Оливер Кан изјави дека Баерн Минхен нема да го купува Роналдо ова лето, но, всушност, тоа не е вистина. Германскиот првак го бара наследникот на Роберт Левандовски, а Роналдо би бил една од идеалните опции.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина