Утрински Весник
Магазин

Српски документарец за Првата светска војна меѓу најгледаните на „Нетфликс“ во Европа

Za Naslovna
Img 5587

 

Документарецот на Милош Шкундриќ, The Long Way to War („Долгиот пат во војна“), е на листата 10 најгледани филмови на „Нетфликс“ во 14 европски земји во првата недела од прикажувањето.

 

Продуцентската куќа „Парадокс филм“ истакнува дека има особено добра гледаност во нордиските земји. Документарниот филм е деветти на листата во Холандија и шести во Шведска.

Img 5587
 

„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија”, се наведува во соопштението на продуцентската куќа. Филмот прикажува интервјуа со историчари кои откриваат како настанала Првата светска војна. Во филмот глумат Џон Рол, Хју Страхан, Доминк Ливен, Аника Момбауер, Олег Ајрапетов, Жорж-Анри Суту, Лотар Хобелт, Стиг Форстер, Жан Пол Блед, Алан Аскед и Душан Батаковиќ.

На „Нетфликс“ пристигна на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип.

Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што стриминг-платформата  има публика од околу 70 милиони претплатници. Ќе биде достапен за гледање во следните пет години. Направен е со поддршка на Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија во 2018 година. Низ годините, филмот е наградуван на бројни меѓународни филмски фестивали.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото